Веќе три дена со полна механизација и ангажираност на скопскиот градоначалник Петре Шилегов се прават напори да се урне постаментот на кој беше поставен споменикот на Андон Ќосето.
На социјалните мрежи, каде и се поставуваат фотографии на кои се гледа како работи механизацијата, кружат коментари дека СДСМ и по три дена не може да го урне она што ВМРО-ДПМНЕ го има изградено.
Наспроти ова, корисниците на социјалните мрежи, револтирано коментираат и дека од СДСМ не може да се очекува ниту било какви нови градби.