среда, 5. октомври 2022. Вести денес: 0
home Скопје

СДСМ го потценува народот: Прво беше лажна вест, па Шилегов под притисок го повлече предлогот за поскапа вода

СДСМ го потценува народот: Прво беше лажна вест, па Шилегов под притисок го повлече предлогот за поскапа вода

„ Не се точни информациите за наводно покачување на цената на водата со кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира. Точната информација е дека цената на водата се намалува. Со најавените нови корекции се намалува и цената на водата во Скопје, од досегашните 29,39 денари на 28,67 денари за еден кубен метар. Со тоа граѓаните на главниот град плаќаат најниска цена за вода во земјава“, стоеше во реакцијата на СДСМ на пресконференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која од партијата  побараа да не се покачува цената на водата. По прозивките од ВМРО-ДПМНЕ и  жестоката критика од јавноста Шилегов ја повлече предлог одлуката за поскапување на цената на водата.

Не поминаа неколку часа, а самата СДСМ беше демантирана лично од градоначалникот на  Скопје Петре Шилегов, кој впрочем и ја потпишал предлог одлуката за поскапување на цената на водата, а која требаше да ја гласа Советот. Имено во изјава за медиумите денес кажа дека граѓаните кои досега плаќале 500 денари вода ќе плаќаат 522 денари. Тоа на годишно ниво за едно просечно семејство  кое плаќало 500 денари за вода се 300 денари плус од нивниот џеб за Петре Шилегов и управата на СДСМ во град Скопје.

Следуваа низа пресконференции на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои повикаа Шилегов веднаш да ја повлече предлог одлуката за покачување на цената на водата и останатите услуги.

– Овој е предлог потпишан од Петре Шилегов кој ќе го достави до советот на град Скопје и предвидува покачување на водата по повеќе основи. Оваа одлука предвидува дека во 2018 година ќе имаме покачување и на ставката за собирање и одведување на урбани и отпадни води, што ќе влијае на целокупната сметка за вода. Со оваа покачување цената на водата до 2020 година ќе скокне за повеќе од една третина од сегашната, односно на годишно ниво наместо 12, граѓаните на СДСМ ќе треба да му плаќаат 16 сметки за вода, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ

– ВМРО-ДПМНЕ бара Петре Шилегов веднаш  да ги повлече предлозите за покачување на цената на водата по сите основи. Скопјани не смеат да бидат жртва на погубните и безидејни политики на СДСМ, се бараше во пресконференцијата на опозицијата.

По реакциите на ВМРО-ДПМНЕ следуваа и бурни реакции од јавноста, по што Шилегов под притисок на јавното мислење ја повлече предлог одлукатѕа.

„Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие“, кажа градоначалникот Шилегов.

СДСМ првин бараше поскапување на водата, потоа бараше Регулаторна да го повлече барањето. Во игрите на СДСМ, градската управа, Регулаторната комисија и останатите органи изгубија 10 дена време на граѓаните, но и буџетски средства само за да се покрие неспособноста на СДСМ.

Но, која е вистината. Вистината е дека Градот, во случајов ЈП Водовод, побарале од Регулаторна комисија покачување на цената на водата. Имено Регулаторна функционира по принципот на поднесено барање од давателот на услугата. Регулаторна не утврдува нови цени по сопствена волја, односно по сосптвено наоѓање, секогаш тоа го прави по предлог барање каде се наведуваат основите за покачувањето и трошоците заради кои истото се бара.

Коронавирус