недела, 11. април 2021. Вести денес: 92
home Скопје

Санкционирани 165 возачи во Скопје, некои за пребрзо возење и под дејство на алкохол

Санкционирани 165 возачи во Скопје, некои за пребрзо возење и под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се 165 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 21 санкција за возење без возачка дозвола,10 санкции за управување под дејство на алкохол…

Изречени се 12 санкции за користење на мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус