сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Скопје

Санкционирани 143 возачи во општина Центар

Санкционирани 143 возачи во општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 143 мерки од кои 18 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, 17 санкции за возење под дејство на алкохол и 92 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус