петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 102
home Скопје

Санкционирани 125 возачи во Скопје

Санкционирани 125 возачи во Скопје

Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 15 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 33 прекршоци, на територијата на град Скопје.

МВР денеска информира дека се регистрирани технички неисправни и нерегистрирани осум возила, додека 61 возило се подигнати со пајак.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, порачуваат од МВР. (МИА)

Коронавирус