петок, 30. јули 2021. Вести денес: 102
home Скопје

Само во Скопје полицијата казни 194 возачи – од нив осум возеле без возачка дозвола

Само во Скопје полицијата казни 194 возачи – од нив осум возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 45 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум за возење без возачка дозвола.

Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, 47 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус