вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Родителите во паника: Повторно се појави шуга во основно училиште во општина Карпош

Родителите во паника: Повторно се појави шуга во основно училиште во општина Карпош

Во основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле, општина Карпош, повторно се појави шуга.

Родителите вознемирени откако втор пат годинава, поради негрижа на училиштето, се јавува опасност од оваа зараза, ја контактираа редакцијата на КУРИР.

-Утрово на децата им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома. Причината која им била наведена е дека во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, туку си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нви стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Шуга, два пати во 2018-та година. Поради неразјаснети причини, класните раководители од неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и нив ги испратиле дома, дознава КУРИР.

Неофицијално, шуга е откриена и потврдена кај едно дете од второ одделение, а постои сомневање дека се заразени и други деца.

Во март годинава, две деца од истото основно училиште имаа шуга. Дури откако се направи медиумска галама, реагираа општина Карпош и МОН.

По информациите дека има шуга, се огласи директорката на училиштето „Владо Тасевски“

Обновено: 

По информациите дека во скопското основно училиште во населба Козле, повторно се појавува шуга, КУРИР побара одговор од општина Карпош.

Од таму сметаат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за едно дете, а како причина за шугата наведуваат  недоволна семејна грижа за личната хигиена.

Одговорот кој го добивме од општина Карпош, Ви го пренесуваме во целост:

„Во основното општинско училиште „Владо Тасевски“, во Козле, Општина Карпош евидентиран е еден, изолиран случај на SCABIES – шуга.

Инфективното заболување е присутно кај едно лице – ученик од второ одделение, а заради превентивни причини, сите ученици од утринава се ослободени од настава.

Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, Општина Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денешниот ден ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција.

Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена.

Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал SCABIES кај ученикот.

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година“.