вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 97
home Скопје

Родителите на учениците во ОУ „Коле Неделковски“: Лицемерно е власта да поставува автомат за нездрава храна во време кога води кампања за здрава храна

Родителите на учениците во ОУ „Коле Неделковски“: Лицемерно е власта да поставува автомат за нездрава храна во време кога води кампања за здрава храна

Деновиве на социјалната мрежа фејсбук се појави иницијатива во која родителите од ОУ„ Коле Неделковски„ од Центар  бараат да се отстрани автоматот за купупување чоколади, грицки и слично. Имено автоматот е поставен во самото училиште.

Според родителите лицемерно е од страна на власта во периоди кога истата води кампања за здрава храна да се поставуваат автомати за нездрава храна.

Родителите дополнително посочуваат дека прозиводите во автоматите се со повисока цена, и нивните деца наместо за ужина парите ќе ги потрошат за купување на нездрава храна.

Но, родителите се загрижени да не се работи за некој бизнис интерес. Имено тие  ја поткренуваат иницијатива за да не дојде и до класна разлика меѓу ученици,бидејќи сите родители не се во можност да им даваат дополнителни средства на своите деца.

За потсетување е дека пред извесен период, тогашната минисерка за образование, Рената Дескоска присуствуваше  на одделенски час низ школите во Македонија кој беше посветен на здравиот начин на исхрана и квалитетот на храната во училиштата.

-Промовирањето и едукацијата на  правилната исхрана на учениците од основните училишта во земјава има за цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство, имаше изјавено Дескоска

Коронавирус