сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Робовалиев: Втора недела по ред блокирана е сметката на општина Центар, ова е доказ за недомаќинското и непланско работење

Робовалиев: Втора недела по ред блокирана е сметката на општина Центар, ова е доказ за недомаќинското и непланско работење

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека веќе втора недела по ред сметката на најбогата општина во државата, Општина Центар е блокирана. Според советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општината, Васко Робовалиев, на овој начин се доведува во прашање работата на самата општина и на службите а воедно се загрозуваат и услугите кои им се даваат на жителите на Центар.

-Ова e врвот на неспособноста на градоначалникот Саша Богдановиќ и неговата администрација. Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори: Дали е вистина дека Општина Центар должи над 1,3 милиони евра? Дали е вистина дека овој долг е направен поради неодговорно работење на претходниот градоначалник Андреј Жерновски? Какви се пропусти се направени во досегашното работење на Општина Центар за да се доведе општинската каса до оваа ситуација? Дали е вистина дека платите на оние кои се вработени преку договори за привремени вработувања не се исплатени? Дали поради ваквата ситуација некој ќе понесе одговорност?, праша Робовалиев.

Тој кажа дека ова се прашањата кои треба Богдановиќ да ги даде на јавноста и на центарци.

-Недозволиво е општина како Центар да биде во ваква ситуација ако се знае колку огромни приходи генерира општината на основ на даноци, фирмарини и други такси. Ова е реален доказ на едно недомаќинско и непланско работење кое оди на штета на жителите на општина Центар, но и на нормалното функционирање на самата општина, изјави Робовалиев.

Коронавирус