четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 19
home Скопје

Робовалиев: Богдановиќ ги излажа центарци, улицата Капиштец ниту е реконстриурана ниту има тротоари

Робовалиев: Богдановиќ ги излажа центарци, улицата Капиштец ниту е реконстриурана ниту има тротоари

Пред само 3 дена градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ се пофали дека успеал да направи реконструкција на улицата Капиштец што се наоѓа на Водно. Моментално се наоѓаме пред истата таа улица која е не само што не е довршена, туку нема тротоари, полна е со дупки а жителите мака мачат цели 3 месеци како да стигнат до своите домови. Повторувам, цели 3 месеци градоначалникот Богдановиќ реконструира улица во должина од само неколку стотина метри, а како капак на се дополнително ги лажеше граѓаните на Центар дека улицата е завршена и дека сега се на ред други улици за кои тој допрва ќе почне да ги реконструира во Центар, изјави на прес-конференција Васко Робовалиев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на Општина Центар и додаде:

„Градоначалникот Богдановиќ во својата изборна програма им вети на Центарци дека ќе реконструира верувале или не 31 улица. Досега тој има реконструирано само 1 улица додека 2 улици вклучувајќи ги и оваа се реконструираат со месеци и месеци. Вакви работи се недозволиви за општина каква што е Центар, со буџет од речиси 25 милиони евра.“

Богдановиќ треба да биде свесен дека пред да се пофали дека успешно реконструирал улица најпрвин таа треба да биде целосно комплетирана, со сите придружни елементи како што се осветлување, нови тротоари и нивелирање на сливниците и шахтите. Жителите на Центар не гласаа за вакви лаги. Центарци не заслужуваат градоначалник како Саша Богдановиќ, посочи Робовалиев.