среда, 5. август 2020. Вести денес: 14
home Скопје

Револтот на граѓаните расте: Шилегов колку станови ќе изникнат на местото на Универзална сала?

Револтот на граѓаните расте: Шилегов колку станови ќе изникнат на местото на Универзална сала?

Изјавата на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов за трите можни решенија за Универзална сала, односно нејзино уривање и изгради нов објект на постојната локација, уривање со дислокација и третата, за која што се залага и тој самиот реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен центар на друга локација предизвика лавина на реакции во јавноста, коментирајќи дека таа е симбол на скопската и македонската култура, но и симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотресот што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година како и дека истата е изградена со помош на донации од туристите на многу држави кои во тој момент се најдоа таму.

Но, и покрај обидите на Шилегов да го амортизира незадоволството кај граѓаните, сепак негативните коментари за него, револтот и осудите од страна на граѓаните не престануваат.
Имено, на социјалните мрежи граѓаните прашувајќи врз основа на која и каква консултација се носи ваква одлука од страна на Шилегов, потсетувајќи го дека тој ветувал транспарентност и учество на јавноста за носење на одлуки за важни прашања, додека пак други се шегуваат со одликите на Шилегов и пишуваат дека всушност дивоградбата во ГТЦ Мавровка каде што не се знае се уште кој е сопственикот што гради и се бара преку оглас е всушност новата Универзална сала ама не кажуваат за да ги изненадат граѓаните. Има и такви што го прашуваат Шилегов колку станови ќе „изникнат“ на местото на Универзална сала.

На ова реагираше и некогашниот отворен поддржувач на СДСМ и Зоран Заев и екс директор на Отворено општество Владимир Милчин, каде што вчера во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија, појасни дека невладиниот сектор бил искористен и со ова што го прави Шилегов со Универзална сала, но и промената на деталниот урбанистички план во Центар од страна на Саша Богдановиќ всушност покажува дека целите за кои овие лица од невладиниот сектор се бореле на улица не вределе ниту 5 пари.

Невладиниот сектор беше искористен. Невладиниот сектор не се сведува на шарената револуција, значи шарената револуција е еден облик таму имаше многу, низ многу форми тоа се случуваше, со разни цели, со разни пароли не беа секаде истите луѓе итн. Меѓутоа во секој случај она што денеска се случува и со деталниот урбанистички план Мал ринг и со Универзална сала всушност градоначалниците покажуваат дека целите за кои тие луѓе на улиците се бореле дека тие не вредат пет пари, рече Милчин, кој додаде дека:

Нивните образложенија се различни, прилично се неуверливи. Мислам дека интересите се други и дека зад ова зборови се кријат други интереси и да злоупотребен беше невладиниот сектор а за жал ние го слушнавме и Заев на една снимка како тој сите ги има во раце, вели Милчин.

Коронавирус