четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

„Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план“  

„Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план“   

Од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје обвинуваат дека реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план.

Во продолжение следува нивното соопштение: 

Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала. Оваа негова нова шарена лага се гледа од авион. Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација.

Откако три години купија со лагата за дислокација сега смислија нова.

Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ на Петре Шилегов им остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот. Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала.

На Скопје му треба градоначалник, не шминкер.

Во прилог едно од идејните решенија кои му беа оставени на Шилегов.

 

Коронавирус