петок, 29. јули 2022. Вести денес: 138
home Скопје

Реконструирани детските игралишта во општина Илинден

Реконструирани детските игралишта во општина Илинден

Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик.

На детското игралиште во Ајватовци реконструирани  се две лулашки и нишалка и во населеното место Бунарџик исто така реконструирани се две лулашки и нишалка. Во Бунарџик кај Домот на културата извршена е реконструкција и на четири клупи.

Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките детски игралишта во сите населени места, со цел децата од општина Илинден да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат и забавуваат.

Коронавирус