понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 171
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Реакции: Шилегов планира „Лајка“ да биде масовна гробница за животни

Реакции: Шилегов планира „Лајка“ да биде масовна гробница за животни

Невладините и граѓаните контра планот на Шилегов за бездомните кучиња. Критикуваат дека „Лајка“ ќе биде масовна гробница за животните. Бараат да се повлече или да се промени како што велат ужасната и нехумана програма.

Граѓански здруженија реагираат дека се прекршува Законот за заштита и благосостојба на животните. Од Анима мунди велат дека се прави невиден преседан и злоупотреба преку програмата.

„ЈП Лајка и Градот Скопје се финансирани од народни пари и да не бегаат од одговорност, и во ниту еден случај не смеат да наметнуваат правна и материјална одговорност на хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомни кучиња “.

На Шилегов му пристигнаа закани и од меѓународна организација за заштита на животните ЕНПА:

„Или да се повлече и промени штетната програма за животните или ќе ги искористиме сите свои ресурси и ќе привлечеме меѓународно медиумско внимание на проблемот“.

Во средата вечер во тензична атмосфера на расправата за програмата. Шилегов убедуваше дека организациите кои сега се бунат учествувале во изработка на програмата. Невладините гневно реагираа на ваквите тврдења од градоначалникот.

Организациите стравуваат дека со оваа програма ќе бидат убиени речиси 70% од бездомните животни.

Коронавирус