среда, 24. април 2019. Вести денес: 42
home Скопје

Расчистена депонијата во Карпош од гуми за греење

Расчистена депонијата во Карпош од гуми за греење

Комуналните служби на општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија на територија на Карпош, во областа Горно Нерези.

Запленето е поголемо количество на гуми и е спречено истите да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал.

-Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување. Нашите инспектори се  постојано на терен во контрола и обид за спречување на употребата на ваквите штетни емитери на опасни честички во воздухот, се наведува во соопштението на општина Карпош.