вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Првачињата во ОУ „Гоце Делчев“ ги пречекаа скелиња, шут и поплава

Првачињата во ОУ „Гоце Делчев“ ги пречекаа скелиња, шут и поплава

ОУ „Гоце Делчев“ денеска ги извести учениците и нивните родители дека немаат распоред за часови, што значи нема да работат поради незавршени градежни работи внатре во училиштето и надвор. Во училишната зграда нема врати, а родителите сведочат дека скелињата се поставиле пред неколку дена и се уште се  таму, а дворот е полн со шут и ѓубре. Се шпекулира дека се поплавени подрумските простории.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред почетокот на училишната година ветуваше дека се ќе биде завршено, но тоа не е случај.