среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Прст пред око не се гледа, а за Шилегов мерните станици не мерат точно

Прст пред око не се гледа, а за Шилегов мерните станици не мерат точно

Вечерва Скопје е еден од најзагадените градови во светот, а Скопјани имаат магла со видливост не повеќе од 30 метри. Бројката на мозочни удари е зголемена, како и на пациентите во клиниките низ градот, а градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој веќе е во третата година од неговиот мандатм вели дека мерните станици не мерат точно.

Додека надвор прст пред око не се гледа од загадениот воздух, граѓаните секојдневни ги следат мерните станици, но за Шилегов тие податоци од мерните станици не се официјални.

ПМ10 честичките вчера и денеска достигнаа рекордна концентрација на микрограми на метар кубен. Скопјани преку социјалните мрежи повикуваат на решавање на проблемот, а Шилегов уште најавува дека се подготвуваат планови и мерки за решавање на проблемот.

Оние мерки коишто биле превземани од Град Скопје, според Шилегов сеуште не биле влезени во с’ржта на проблемот за да почнат да даваат резултати.