недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Скопје

Прскање против ларви од комарци во Скопје

Прскање против ларви од комарци во Скопје

Авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши в сабота, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се изврши в понеделник, во текот на денот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопшти Град Скопје.

Градските власти ги известуваат пчеларите на времее да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.