четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 94
home Скопје

Протест од Чаир од ОЈО, најавен посебен сообраќаен режим од 13:30

Протест од Чаир од ОЈО, најавен посебен сообраќаен режим од 13:30

Денес со почеток во 13,30 часот е најавен протест кој ќе започне од парк Чаир со движење по ул.„Цветан Димов“, во продолжение по бул.„Крсте Мисирков“, десно по бул.„Гоце Делчев“ заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“ ќе се упати по ул„Филип Втори Македонски“ до OJO во траење од три часа, информира МВР.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13,00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– бул.Христијан Тодоровски Карпош“, ул.„.Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“, бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ЕУРО 2020

Македонија