четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 33
home Скопје

Протест на жителите од Пржино

Протест на жителите од Пржино

Мораториум за градење во Пржино е барањето кое денеска до општинските власти го испратија жителите на населбата.

Со мирен протест по улиците во Пржино го изразија својот револт, од како што велат неконтролираното градење.

Потпишаа петиција за итно поништување на одобрението за градба каде се сруши потпорниот ѕид, како и мораториум на спорните градби на целата територија на населбата Пржино.

– Очекуваме советот на општина Кисела Вода да заседава по однос на истите и да бидеме известени во најкус можен рок, но не подолго од два месеци, изјави Јасна Бачовска за Сител.

Коронавирус