петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Протест на граѓани во Ново Село- автобусот со број „22“ еден час ќе сообраќа само до населбата Даме Груев

Протест на граѓани во Ново Село- автобусот со број „22“ еден час ќе сообраќа само до населбата Даме Груев

Автобуската линија со број „22“ на ЈСП Скопје денеска од 12 до 13 часот ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“ поради најавениот протест напладне на група граѓани од Ново Село на улицата „1“ пред складот на „Макпетрол“.

Граѓаните ќе протестираат поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија.

Како што информира МВР, граѓаните во периодот од 12 до 13 часот ќе го блокираат сообраќајот и тој ќе се одвива по улицата „Лука Геров“, десно по улицата „Тиранска“, лево по улицата „Пекљане“ и обратно.

Коронавирус