четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 91
home Скопје

Проектот поддржан од Шилегов ќе го поттикне алкохолизмот, сметаат социолозите

Проектот поддржан од Шилегов ќе го поттикне алкохолизмот, сметаат социолозите

Лицата во алкохолизирана состојба ќе добиваат гратис такси до дома. Ова е проект кој што е инициран од Ресторани.мк. Според иницијаторите идејата е рестораните да бидат поодговорни кон своите гости.

Проектот е поддржан и од Град Скопје. Од таму велат дека со ова, ќе се намали бројот на алкохолизирани граѓани во градот.

Но, според социологот Илија Ацески оваа мерка уште повеќе ќе го поттикне алкохолизмот. Тој вели дека се изнасмеал кога ја слушнал информацијата и мислел дека станува збор за шега.

Ацески вели дека Македонија е во групата држави во која голем дел од популацијата консумираат алкохол. Тој додаде и дека алкохолизмот е најраспространет меѓу младите. Инаку, ваучерот за такси кој ќе им се доделува на алкохолизираните гости ќе изнесува 100 денари.

Извор: ТВ21

Коронавирус