недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Скопје

Продолжуваат протестите во Долно Лисиче поради катастрофалната состојба на регионалниот пат

Продолжуваат протестите во Долно Лисиче поради катастрофалната состојба на регионалниот пат

Жители од скопско Долно Лисиче денеска излегоа на протест, четврти оваа недела поради оглушувањето на надлежните да им се санира асфалтот на главната улица која поминува низ ова населено место. Тие се упорни со протестите со надеж дека ќе бидат сослушани, но, како што велат, од надлежните ни трага ни глас, пренесува Вечер.

Инаку, веќе десетина години жителите на скопското село Долно Лисиче секојдневно се соочуваат со проблемите предизвикани од лошата состојба на главната улица. А со овој проблем не е засегнато само населението на Долно Лисиче, туку и од околните населби како Драчево, Јурумлери, Горно Лисиче, Студеничани, бидејќи и тие го користат истиот пат.

-Веќе уништениот пат со дупки како кратери го доуништуваат 20-тонските камиони што постојано поминуваат и оставаат облак од прашина зад себе, иако патот не е наменет за толку тешки возила. Исто така, и автобусите често доцнат или воопшто не доаѓаат и луѓето не можат да стигнат навреме до своите работни места. А, што се однесува до автомобилите, бидејќи патот не е саниран, секој ден има по еден до два автомобили кои се соочуваат со дефекти. Покрај сето ова, при врнежи се поплавува целата улица и е едвај проодна, велат долнолисичани, пишува Вечер.

Жителите веќе четврти пат во оваа недела излегоа на протест од 7 до 9 часот со блокада на мостот преку Вардар кој го поврзува Долно Лисиче и Јурумлери.

Коронавирус