недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Скопје

Продолжен рокот за аплицирање за стипендии на средношколиците со попреченост

Продолжен рокот за аплицирање за стипендии на средношколиците со попреченост

Продолжен е рокот на објавениот јавен повик на веб-страницата на Град Скопје на ден 16.09.2019 година за стипендирање на средношколци со попреченост, ученици во средните училишта на Град Скопје.

Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучи истиот да трае уште 5 дена, односно апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 01.10.2019 година (вторник).

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели 25 стипендии за овие ученици од прва до четврта година, кои што во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендијата од 3.000 денари нето износ.