среда, 2. декември 2020. Вести денес: 201
home Скопје

Привремено се затвора автобуската постојка во ГТЦ

Привремено се затвора автобуската постојка во ГТЦ

Автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје денеска од 12 часот нема да биде во функција до утре во утринските часови, соопшти ЈСП Скопје.

Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до паркот „Жена борец“.

– Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.

Коронавирус