вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 95
home Скопје

Привремен сообраќаен режим на „Ацо Шопов“

Привремен сообраќаен режим на „Ацо Шопов“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска поради изведување градежни активности за реконструкција на коловозот на улицата Ацо Шопов, на потегот од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар Илинден, ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Коронавирус