сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 66
home Скопје

Презентација на средните стручни училишта во ОУ„Блаже Конески“ во Скопје

Презентација на средните стручни училишта во ОУ„Блаже Конески“ во Скопје

Со цел подобрување на имиџот на средното стручно образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување пред деветтооделенците и нивните родители во Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром ќе бидат презентирани средните стручни училишта од град Скопје кои ќе ги претстават струките и профилите.

Како што најавија од Занаетчиската комора на Македонија, на настанот ученици од средните стручни училишта АСУЦ „Боро Петрушевски“, ЕТУЦ „Михајло Пупин“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Лазар Танев“ СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“ на штандови ќе вршат презентација со практично работење во струките и профилите кои ги нудат училиштата за упис во средно образование.

На настанот ќе биде присутна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и занаетчии од сите сектори на занаетчиско производство и занаетчиски услуги.

Присутните ќе го посетат и базарот организиран од страна на училиштето на занаетчиски производи изработени од учениците од I до IX одделение во ОУ „Блаже Конески”.

Коронавирус