четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 122
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Превентивни мерки на општина Аеродром во очекување на обилните дождови

Превентивни мерки на општина Аеродром во очекување на обилните дождови

По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд, Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети.

Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на Општината.

Сезонските работници се веќе на терен и ја чистат реката под мостот во Долно Лисиче, а во текот на денот се очекува да биде испратена и целокупната механизација со која располага Општината.

Им се препорачува на граѓаните да ги преземат сите мерки за заштита на своите домови и да ги следат препораките на УХРМ.

Коронавирус