понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 102
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ отворија промотивни штандови  во скопските општини Аеродром и Карпош

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ отворија промотивни штандови  во скопските општини Аеродром и Карпош

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија денеска беа на отворање на промотивни штандови за кампањата на професорката Гордана Силјановска Давкова  во скопските општини Карпош и Аеродром.

Во Општина  Аеродром  промотивни материјали на граѓаните им делеа  членот на Извршниот Комитет, Игор Николов и пратениците Драган Данев и Крсто Јовановски, додека пак  членовите на Извршниот Комитет Димитар Димовски и Трајко Славевски присуствуваа на отворањето на штандот во општина Карпош.

Поддршката за професорката Силјановска Давкова во овие две општини е огромна. При разговорите со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните го изразија незадоволството од неправдите и сите понижувања кои ги нанесе оваа власт, и токму затоа се одлучни дека промените мора да се случат и да дојде правдата во Република Македонија.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја искористија можноста уште еднаш да повикаат на масовност на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај за победа на професорката Силјановска Давкова, за веднаш потоа да може да се распишат предвремени парламентарни избори за конечно да може да се стави крај на заевизмот во Македонија.

Коронавирус