ЈСП информира дека од утре, петок (13.03.2020 год), нема да сообраќаат трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б).
Со работа ќе прекине и Жичарницата.
-Одлуката ќе важи во наредниот период, односно до идните одлуки согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корона вирусот, велат од ЈСП.