четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 45
home Скопје

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Центар и Чаир

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Центар и Чаир

Поради уличен дефект од Ф-250 мм на ул.„Македонско Косовска Бригада“ бб спроти Вива Фреш во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.М.К.Бригада крак 11 и касарната Илинден. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Исто така, поради изведување водоводен приклучок од Ф-150 мм на ул.„Партениј Зографски“ бр.14 во населба Центар,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.„Партениј Зографски“ и потегот од улица „Ѓорги Скрижевски“ до ул.„Востаничка“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со активностите.

Коронавирус