петок, 20. април 2018. Вести денес: 160
home Скопје

Прегазеното дете од Ѓорче Петров е во стабилна состојба, граѓаните и денес на протест

Ѓорчевци најавија протестен собир и за денес, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.
Прегазеното дете од Ѓорче Петров  е во стабилна состојба, граѓаните и денес на протест
ФОТО: Радио МОФ

Детето кое вчера попладне беше прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Општина Ѓорче Петров, е во стабилна состојба, соопштија од Клиниката за неврохирургија, пренесуваат медиумите.

Детето има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото. Поради ова, е задржано на опсервација.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

По несреќата, револтирани жители на населбата ја блокираа улицата во знак на протест, барајќи светлосна сигнализација.

Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете, како што велат тие ова е втора несреќа во период од две недели, а 4-та несреќа во рок од 5 месеци.

Ѓорчевци најавија протестен собир и за денес, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.

„Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот“, се вели во повикот за протестот.