недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Скопје

„Предложениот ребаланс на буџетот од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Георгиевски е антиреформски, и исклучиво за партиски цели“

„Предложениот ребаланс на буџетот од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Георгиевски е антиреформски, и исклучиво за партиски цели“

Денес на дневен ред на Советот на Општина Гази Баба беше предложена точка за Ребаланс на Буџетот на Општина Гази Баба. Предложениот ребаланс на буџетот од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борче Горгиевски е антиреформски, и исклучиво за партиски цели, а не за доброто на сите граѓани на Општина Гази Баба, изјави денеска Андреа Најденовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во Совет на Општина Гази Баба кој додаде:

„Ребалансот е неплански скроен и со истиот се кратат средства од капиталните инвестиции. Градоначалникот Борче Горгиевски крати средства од изградбата на градинката во Стајковци, крати средства и од изградба на спортскиот центар Црешево, од средства за системи за отпадни води од Трубарево до Идризово, од атмосферската канализација во Триангла и други капитални проекти. Овие проекти од кои се крати со овој ребаланс се на штета на сите граѓани на Гази Баба. Скратените средства од капиталните инвестиции се насочуваат за партиски вработувања во Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007.“

Најденовски потенцира дека Георгиевски крати од капитални инвестиции на штета на жителите на Стајковци, Црешево, Триангла односно на штета на граѓаните на Гази Баба.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во изминатите две години даваше максимална поддршка за сите проекти за доброто на граѓаните на Општина Гази Баба но неспособноста на градоначалникот Борче Георгиевски излезе на виделина бидејќи истиот не реализираше ништо од ветеното. Фатен во тесно градоначалникот Георгиевски го повлече од дневен ред предложениот штетен ребаланс. Како мнозинство во Советот на Општина Гази Баба нема да дозволиме да се скратат средствата од предвидените капитални проекти кои се од суштинско значење за граѓаните на Општина Гази Баба. ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во Гази Баба ќе продолжи да биде конструктивна советничка група во Советот на Гази Баба и ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани на Гази Баба и нема да поддржува вакви штетни одлуки од страна на неработникот Георгиевски, подвлече Најденовски.