среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Скопје

Предлог за Гинис: Град Скопје гради тротоар со просечна брзина помала од 1,5 метар на ден

​Се надеваме дека овој текст ќе го поттикне градоначалникот Шилегов да се фати за работа и да ги ангажира поинтензивно службите на градот за да го работат она за што се избрани и платени од граѓаните со буџетски пари.
Предлог за Гинис: Град Скопје гради тротоар со просечна брзина помала од 1,5 метар на ден

​Тротоарот на булевар „Кочо Рацин“ кој започна да се реконструира во ноември 2017 година, се уште не е готов. Шести месец град Скопје предводен од градоначалникот Петре Шилегов, не може да реконструира 200 метри тротоар и тоа во централното градско подрачје на нашата метропола.

Асфалтот е изваден уште во ноември, оставена е земја пола година, која на секој дожд настанува кал и не е можно да се движат пешаците, а кога нема дожд има прашина и ситни камења.

Да повториме, се работи за тротоар на булевар „Кочо Рацин“,  еден од најфрекфентните булевари во Скопје. Граѓаните кои чекаат автобус на постојката на тој потег најдобро знаат во какви услови се движат последнава половина година и низ каква голгота поминуваат чекајќи автобус секојдневно.

Секојдневна слика е пешаци, постари лица, мајки со деца на овој потег да се симнат да се движат на булеварот и да ја стават својата безбедност во голем ризик поради тоа што град Скопје им го оневозможува движењето на тротоарот предвиден за пешаци.

Инвалидизираните лица мора да се симнат на булаварот со три ленти, наместо да им се олеснат условите за движење низ метрополата. Град Скопје половина година оваа категорија на граѓани ги става во уште понезавидна положба.

​Велосипедистите исто така загрозувајки го својот живот, се движат по булеварот со грбот свртени према возилата кои доаѓаат од позади нив возејќи во грч и надевајќи се дека ќе поминат безбедно.

​Во шест месеци има отприлика 130 работни денови, а треба да се реконструираат приближно 200 метри тротоар, што е околу срамни 1,5 метар дневна реализиација на реконструкцијата.

​Се надеваме дека овој текст ќе го поттикне градоначалникот Шилегов да се фати за работа и да ги ангажира поинтензивно службите на градот за да го работат она за што се избрани и платени од граѓаните со буџетски пари.

Коронавирус