понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 37
home Скопје

Празнично разочарување за корисниците на ЈСП- Автобус се расипа среде партизанска, патниците извисени на +30 степени (ФОТО)

Празнично разочарување за корисниците на ЈСП- Автобус се расипа среде партизанска, патниците извисени на +30 степени (ФОТО)

Во моментов повторно се расипа автобус на ЈСП и покрај тоа што КУРИР утрово објави вест за честото расипување на автобусите во летниот период во изминатата недела.

Патниците во моментов на „Партизанска“ во близина на Универзалната сала останаа извисени на топлото време барајќи спас под дрвата со сенка откако се расипа автобусот со кој се превезуваа среде центарот на Скопје.

Станува збор за уште еден автобус на ЈСП кој ги извиси патниците на +30 степени и докажа дека превозникот на небезбеден начин се грижи за корисниците на превозникот.