сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 94
home Скопје

Позади проектот на Шилегов за рушењето на терасите на Кејот стои бизнис интерес за катната гаража кај Телеком?

Позади проектот на Шилегов за рушењето на терасите на Кејот стои бизнис интерес за катната гаража кај Телеком?

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со план наместо шеталиште на Кејот да има улица.

Терасите на локалите кои се на Кеј, според овој план треба да се срушат, а на улицата која би се отворила таму да поминуваат возила, со што овој дел ќе стане целосно небезбеден.

Постои простор за сомнеж дека станува збор за бизнис интереси “тешки“ милионски суми. Инаку, што друго би била причината свесно да се направи ваков хаос на Кејот?

Во оваа близина се наоѓаат катната гаража кај Телеком, а се зборува дека целта е да се направи нов трговски на големиот паркинг. Овој проект би донел голема сума на пари. Така, проектот на Шилегов за рушење на терасите на Кејот ќе донесе до расадник од пари.

Ако на местото на досегашното шеталиште се направи улица по која ќе возат автомобили и други превозни средства, сите минувачи се ставаат во ризик. На ова шеталиште постојано има деца, па малку ќе биде потребно за да се случи трагедија кога ќе има сообраќај на истата локација.

Во цел свет од улици се прават плоштади и шеталишта, само кај нас се гради улица на најубавиот градски кеј.

Надлежните оваа идеја ја кријат зад оправдувањето дека сакаат да воведат ред, но ова е тотално најпогрешниот начин. Ред може да се воведе со затворање на помините, со чувари. Овој дел треба да се реновира и да биде уште поубаво место за прошетка.

Градоначалникот Шилегов за Сител посочи дека плановите се отстранувањето на средните терасите да почне од февруари и веќе во мај целосно да биде завршена реконструкцијата. Тврди дека целта е кејот „13 ноември“ да добие целосно нов лик со пешачка зона и да се реши хаосот кој е проблем за скопјани долги години.

На овој кеј, работат околу 10 ресторани, а од таму земаат плата и опстојуваат околу 500 семејства. На оваа локација илјадници туристи уживаат во прошетките.

Остануваат отворени многу прашања: Дали овој дел ќе го изведува истата фирма како на дел од плоштадот?  Колку долго сен изведува и колкав и чиј бизнис интерес е тоа? Плоштадот скоро две години е во прашина и хаос, колку време ќе биде вака на Кеј, останува да видиме

Коронавирус