понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Повторно во функција автобуската линија Жданец – Сити мол

Повторно во функција автобуската линија Жданец – Сити мол

По интервенција на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, од утре повторно ќе биде ставена во функција автобуската линија од Жданец до Сити мол.

Градоначалникот Јакимовски, денеска на средба со директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје побарал информација зошто е прекината автобуската линија која беше пуштена во текот на изборната кампања.

Од страна на директорот на јавното претпријатие добил одговор дека возилото било во дефект. Истовремено, од ЈСП информирале дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денот, по што најдоцна до утре ќе продолжи да сообраќа автобусот на релација Жданец – Сити мол.

Коронавирус