вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Скопје

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Од 8:30 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Раовиќ, Паничари, Семениште, Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане и објектите на Млин Самас, АС ОИЛ, објектите на езерото Треска, наплатна рампа Арнакија, Виа Комерц, Мобимак Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 11:30 до 14:30 часот утре без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улиците „24“, „29“, „31“, „33“ и „35“ во Општина Сопиште.

Без електрична енергија утре од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Урош Џудовиќ“, „Хелсинки“, „Бањалучка“, „Љубица Георгиева“, „Московска“, „Хашка“, „Јоаким Осоговски“, „Осло“ и „Женевска“ во Општина Карпош.

Од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“ подулица бр „1“ во Општина Аеродром, а од 12 до 14:30 часот корисниците од улицата „Питу Гули“ бр.36, 38, 40 и 42 во Општина Центар.

Без струја од 12 до 15 часот утре ќе бидат дел од корисниците од улицата „3“ во Визбегово, а од 9 до 11:30 часот дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ бр.5, 91 б, 99 и 101 во Општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во Град Скопје.