четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Скопје

Повеќе скопски општини утре и задутре ќе останат без вода и без струја

Повеќе скопски општини утре и задутре ќе останат без вода и без струја

По добиените известувања од  ЕВН   и   ЈП Водовод и канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека:

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 01.07.2021 година (четврток)  :

  • од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од  ул. Пушкинова бр. 4. ( Oпштина Кисела Вода )
  • од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од   улиците: 163, 164, 165 и Хусеин Бајрам  во нас. Крњево.  ( Општина Центар )
  • од 09:00 до 14:00 часот,  корисниците од  делови  од улиците: Демир Трајко и Његошева. ( Општина Карпош )

на ден 02.07.2021 година (петок)  :

  • од 08:00 до 16:00 часот,  корисниците од  делови  од улиците: Коста Новаковиќ и Методија Шаторов – Шарло. (Општина Аеродром )

 

на ден 01.07.2021 година ( четврток ) :

  • Заради изведување  приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Среќко Пужалка бб, од 08:30 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од улицата Среќко Пужалка и нас. Товарник.  ( Општина Гази Баба )
  • Заради изведување  приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100мм на ул. Виктор Иго  бр. 31 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак.  ( Општина Кисела Вода )

Коронавирус