петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 15
home Скопје

Повеќе скопски општини утре без струја

Повеќе скопски општини утре без струја

Корисниците од улицата „23“ во скопското село Сопиште утре ќе останат без електрична енергија од 12 до 15 часот.

Во периодот од 9 до 14 часот утре без струја ќе биде селото Маркова Сушица, поточно корисниците на потегот од првата трафостаница по главната улица до местото викано Спасов Дол, општина Студеничани.

Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Борис Трајковски“ бр. 107, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од селото Крушопек, општина Сарај.

Жителите од скопските села Брест, Малино, Танушевци, Бродец и дел од Побожје утре ќе бидат без стрја од 9:35 до 13:35 часот, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „50-та Дивизија“ во општина Центар. Корисниците од селата Волково и Орман ќе бидат без струја од 9 до 15 часот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.

Локални избори 2021