По известувње од ЈП Водовод и канализација утре заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и Херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот во Општина Бутел.
Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, утре од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и ул. Ѓорѓи Сугаре во Општина Кисела Вода
Во истата општина утре, поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова.
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување во понеделник ќе останат и корисниците од околните објекти во близина на ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење во Општина Карпош.