петок, 29. јули 2022. Вести денес: 127
home Скопје

Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Илинден и здружението Борка

Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Илинден и здружението Борка

Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден” во насока на подобрување на здравственте услуги на жителите од општина Илинден.

Меморандумот кој го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателката на здружението ,,БОРКА – За секој нов ден”, Биба Додева има за цел воспоставување долгорочна соработка помеѓу двете страни во насока на подобрување на Заштитата на правата на пациентите во Општина Илинден и формирање и работа на Комисија за заштита на правата на пациентите во состав на Општината, согласно глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите, како краен резултат на соработката.

 

 

Коронавирус