четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Поскапи влезници за скопската зоолошка: Влез за 80 денари, во Дино паркот плус 50

Поскапи влезници за скопската зоолошка: Влез за 80 денари, во Дино паркот плус 50

Билетите во скопската зоолошка градина поскапеа за 30 денари и сега чинат 80. Така, една фамилија со две деца само за влез наместо 200 ќе треба да плати 320 денари.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини плус 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

Посебно се плаќа за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.

Директорот на Зоолошката вели дека поскапувањето било симболично поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.

-Поскапуивањето е симболично бидејќи имаме и многу нови животни во Зоолошката, стигнаа лавовите, од лани слоновите, шимпанзата. Постојано пристигнуваат нови птици и големи се трошоците на Зоолошката, вели Галетановски, пренесе Алфа.

Финансискиот извештај на Зоолошката градина покажува дека минатата година приходите од дејноста изнесувале 19 милиони денари или 309 илјади евра.

Во Градината има 50 вработени и 7 волонтери кои се грижат за животните.