вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одбележување на Илинден

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одбележување на Илинден

Од 09:00 часот утрово во Скопје, поради одбележување на празникот Илинден, за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.

МВР информира и дека од 05:00 до 14:00 часот на улицата „Беласица“ и од 14:00 до 18:00 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

-Гграѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, апелира МВР.