вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Скопје

Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар Македонија-Полска

Посебен сообраќаен режим поради фудбалскиот натпревар Македонија-Полска

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен вечер во периодот од 18 до 23 часот поради одржување на меѓународниот фудбалски натпревар Македонија-Полска  на арената „Тодор Проевски“.

Периодично пренасочвање на сообраќајот ќе има на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски-Борче“.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.