среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Поради протест посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Поради протест посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи утре од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата на Република Македонија поради најавен протест.

-Од тие причини сообраќајот ќе биде пренасочен на булеварот „Илинден“ на потегот до крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „ВМРО“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.