сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 40
home Скопје

Поради отстранување дефект утре без вода дел од општина Центар

Поради отстранување дефект утре без вода дел од општина Центар

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник  Ф-125мм на улицата „Орце Николов“ бб, кај фонтаната на плоштад „Македонија“, утре ќе има прекин во водоснабдувањето.

Корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Никола Кљусев“ и  Кеј „13 – ти Ноември“ утре ќе бидат без вода од 9:00 часот, па се до завршување на интервенцијата.