понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Поради дефект делови од Аеродром, Н.Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци во петок без вода

Поради дефект делови од Аеродром, Н.Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци во петок без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека на ден 20.12.2019 год. (петок), заради санација на изгорена мерна ќелија во трафостаницата лоцирана во пумпената станица Припор, истата заради прекин на електрична енергија и технички зафат на ЕВН нема да работи од 08:00 до 17:00 часот.

Во истото времетаење прекин во водоснабдувањето ќе има во населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона), дел од нас. Кисела Вода, Припор, Ракотинци, Сопиште и Добри Дол. (Општини Аеродром, Кисела Вода и Сопиште)