недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Попова: Трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ чинат 1.1 милион евра, не сме зелена престолнина, но го имаме најскапото зеленило во светот

Попова: Трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ чинат 1.1 милион евра, не сме зелена престолнина, но го имаме најскапото зеленило во светот

Зад мене го имаме најскапиот тревник во светот кој чини над 530 илјади евра. Неколку метри подолу, на ГТЦ го имаме пак најскапиот зелен кров од неверојатни 550 илјади евра. Значи зелениот кров на ГТЦ и тревникот пред ГТЦ кој доби популарниот назив трлото на Шилегов, скопјани ги чинат еден милион и сто илјади евра, реагира Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

-Скопје не е зелена престолнина ама го има најскапото зеленило во светот, трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ кои чинат неверојатни 1.1 милиони евра. Дали Петре Шилегов покажува што е грабеж на народни пари и тоа во услови на корона вирус, кога буџетската дупка е се поголема? Граѓаните погодени од корона кризата страдаат буквално за леб, а Шилегов троши половина милион евра за зелена трева. Можеби за Шилегов, кој не живее од плата ова е нормално, но за граѓаните ова е ненормално. Шилегов мора да одговори, во чии џебови завршија илјадниците евра од најскапиот тревник и најскапиот зелен кров во светот, посочи таа.

Попова порача: Одговори веднаш. Оставка веднаш.

Коронавирус