понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 75
home Скопје

Попова: Шилегов крие колку до сега е потрошено за градската куќа, не сака да се даде на увид на јавноста и се плаши од јавна расправа

Попова: Шилегов крие колку до сега е потрошено за градската куќа, не сака да се даде на увид на јавноста и се плаши од јавна расправа

Постапката по која се спроведува продажбата на градската куќа ги потврдува нашите сомневања дека зад нејзе се кријат можности за криминални интереси, и дека дефинитивно граѓаните на Скопје ќе бидат оштетени. Се потврди и дека работната група која Шилегов ја најави, и требаше да обезбеди транспарентна постапка преставува само фасада која треба да ги покрие криминалните интереси на градските моќници, изјави на прес-конференција Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

Попова потенцираше дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ учествувале во работата на таа работна група во која од Шилегов и Градот Скопје побарале:

• Прво, увид и копија од документација за тоа колку е потрошено досега за изградба на градската куќа.

• Второ, отворање на градската куќа на увид на јавноста.

• Трето, стопирање на постапката и јавна расправа.

• Четврто, стручна комисија од архитекти кои ќе ги проценат просторните можности на објектот.

-Ниту едно од овие наши барања не беше исполнето. Значи Шилегов крие колку до сега е потрошено за градската куќа, не сака да се даде на увид на јавноста, се плаши од јавна расправа и не сака стручна проценка на просторните можности. Сето ова го одбива за да се спроведе криминалниот интерес.
Токму затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да бидеме алиби за криминалите на градот и нема да учествуваме во работата на работната група и легитимирањето на ваквиот сомнеж за криминал. Оправдани се нашите стравувања дека однапред се знае купецот и дека најоштетени ќе бидат Скопјани. 2 години Шилегов, 2 години криминал, лаги и измами, подвлече Попова.

Коронавирус